Од утре се укинува плаќањето со СМС за ноќните линии на ЈСП

Користењето на јавен превоз во ноќните линии е можно со купување на ноќен билет за едно возење кој чини 50 денари

од Nikola Popovski
13 прегледи Фото: Фејсбук страница на ЈСП Скопје

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ потсетува дека согласно Одлуката за Интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници на територијата на град Скопје од 2015 год. (Член 10, алинеа 1) – билетите за бесплатно користење на јавен превоз, месечните, тримесечните, шестмесечните и годишните билети – нема да важат за користење во ноќните линии.

Од ЈСП информираат и дека почнувајќи од 31.01.26 (сабота на полноќ) / 01.02.26 (недела), нема да биде во функција плаќање на билет за едно возење преку бројот 185, со СМС порака за користење на ноќните линии.

-Користењето на јавен превоз во ноќните линии од 00:00 до 05:00 часот важи со валидирање/купување на ноќен хартиен билет за едно возење кој чини 50 денари, исклучиво купен во возилото кај возачот и од електронски паричник преку валидаторот, стои во соопштението од ЈСП.