Во Хамбург маж повлекол 18-годишна девојка под воз, двајцата загинале

Трагичен инцидент се случил синоќа на станицата на метрото Вандсбек Маркт во Хамбург, каде 25-годишен маж ја зграпчил 18-годишна девојка и ја повлекол со себе под воз што надоѓал.

од desk4
25 прегледи

И двајцата загинале на самото место, а полицијата случајот го истражува како убиство, пренесува Билд.

Инцидентот се случил околу 22:07 часот на линијата У1. Според полициските информации, девојката, наводно државјанка на Иран, чекала воз кон центарот на градот. На перонот се наоѓал и 25-годишен маж од Јужен Судан, кој ненадејно ѝ пришол, ја зграпчил и, од засега непознати причини, ја повлекол на шините, токму кога возот влегувал во станицата. Ниту девојката ниту мажот не преживеале.

Очевидци изјавиле дека мажот претходно се движел по перонот и дека изгледал како да е под дејство на алкохол. Потоа, како што наведуваат, случајно ја зграпчил девојката која стоела во негова близина и скокнал со неа на шините. Полицијата засега не ги коментира мотивите, а според досегашните сознанија, жртвите не се познавале.

Поради сомнение за убиство, истрагата ја презел одделот за убиства во соработка со државното обвинителство. Истражителите до доцна во ноќта собирале докази на местото на настанот, вклучувајќи снимки од безбедносни камери и изјави од сведоци. „Постои сомнение за кривично дело убиство“, потврдил портпарол на полицијата.

Тим за кризна интервенција на Германски Црвен крст им обезбедил психолошка помош на сведоците. Поради инцидентот, сообраќајот на линијата У1 бил прекинат меѓу станиците Вартенау и Вандсбек-Гартенштат, а бил организиран и заменски автобуски превоз.

Слични содржини