Матичните гинеколози бараат итни системски измени во примарната гинеколошка заштита

Матичните гинеколози упатија барање за итни промени во начинот на функционирање на примарната гинеколошка здравствена заштита, со цел јасно да се дефинира кои услуги се целосно покриени од државата, а кои подлежат на наплата.

од desk4
11 прегледи

Реакцијата следува по неодамнешните контроли спроведени од Фондот за здравствено осигурување, при кои било утврдено дека дел од пациентките плаќале здравствени услуги кои, според важечките прописи, треба да бидат обезбедени бесплатно.

Од редовите на матичните гинеколози велат дека не станува збор за злоупотреби, туку за недоречени и неусогласени правила во системот, кои создаваат простор за различно толкување. Поради тоа, тие бараат ревизија и прецизирање на договорите што ги имаат склучено со Фондот за здравство.

Од Министерството за здравство, пак, информираа дека ќе ги разгледаат барањата на гинеколозите и најавија дека упатствата и процедурите ќе бидат усогласени со современите медицински стандарди, со цел да се надминат постојните недоследности во системот.

Слични содржини