Зеленски најави кога почнуваат новите преговори со Русија и САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека трипартитните разговори меѓу Русија, Украина и Соединетите Американски Држави ќе се одржат во среда и четврток во Абу Даби.

од desk4
6 прегледи Фото: Фејсбук/Володомир Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека трипартитните разговори меѓу Русија, Украина и Соединетите Американски Држави ќе се одржат во среда и четврток во Абу Даби.

Директните разговори меѓу Киев и Москва првично беа најавени за недела, но Зеленски изјави дека неговиот преговарачки тим го информирал за договорен нов термин за средба во Обединетите Арапски Емирати. Претходно не беше јасно дали средбата планирана за недела воопшто се одржала.

„Украина е подготвена за суштинска расправа и има интерес да се приближиме до реален и достоинствен крај на војната“, напиша Зеленски на социјалната мрежа X.

Директните преговори меѓу Москва и Киев беа обновени пред една недела во Абу Даби, по подолга пауза, и се одржаа зад затворени врати со посредство на американскиот пратеник Стив Виткоф. Иако преговарачките тимови ги оценија разговорите како конструктивни, мировен договор засега не е на повидок, а територијалните прашања остануваат главна пречка.

Русија бара Украина да се повлече од делови на источниот регион Донбас, кој ги опфаќа Доњецк и Луганск, барање кое Зеленски во повеќе наврати го отфрли.