Девојче тешко повредено од заталкан куршум во Сарај

Десетгодишно девојче е тешко повредено откако било погодено од заталкан куршум во дворот од семејна куќа во селото Глумово, во општина Сарај.

од desk4
392 прегледи Фото: МВР

Десетгодишно девојче е тешко повредено откако било погодено од заталкан куршум во дворот од семејна куќа во селото Глумово, во општина Сарај.

Како што информира СВР Скопје, на 31 јануари околу 16 часот бил пријавен настанот, при што детето било погодено во пределот на ногата. Поради сериозноста на повредите, девојчето било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде лекарите констатирале тешки телесни повреди.

Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои дошло до повредувањето.