„Зошто воопшто е потребна Владата во државата ако не за да ги принуди работодавачите да исплаќаат одреден минимум на плата? Минималецот е исклучителна одговорност на Владата затоа што таа е законска материја и се носи во Собранието“, вели потпретседателот на Левица, Реџеп Исмаил за барањето на ССМ за зголемување на минималната и сите останати плати.
Според него, Владата е наивна кога ги смета македонските бизнисмени за патриоти и очекува од нив да покажат национална свест и доброволно да се откажат од своите луксузи и да им дадат на работниците.
-Ние имаме најниска минимална плата во регионот. Ако имаме најдобра економија, како што вели премиерот, на Западен Балкан, зошто тогаш имаме најниска минимална плата, праша Исмаил во дебатната емисија „24 анализа“.