Над илјада станбени згради во Киев без греење на минус девет степени

Повеќе од 1.100 станбени згради во Киев и околината останале без греење поради руски напад врз инфраструктурата во главниот град на Украина, соопшти денеска градоначалникот Виталиј Кличко преку Телеграм.

од desk4
10 прегледи

Температурата во Киев попладнево изнесувала минус девет степени Целзиусови, а се очекува во текот на ноќта да се спушти до минус 17 степени.

Според Кличко, градскиот систем за греење бил тешко оштетен во текот на изминатата ноќ, а стручните служби во моментов го проценуваат обемот на штетата и можностите за негово санирање.

„Градот воспоставува дополнителни пунктови за загревање во училиштата, особено во населбите каде што зградите останаа без греење“, додаде градоначалникот.

Локалните власти апелираат граѓаните да ги следат официјалните информации и да ги користат обезбедените пунктови за загревање додека траат ниските температури и работите на поправка на оштетената инфраструктура.