Вештачката интелигенција – закана или можност за македонскиот туризам?

Системите водени со вештачката интелегенција овозможуваат на светските платформи пристапност на голем број хотели, авио-билети, услуги кои се барани од туристите, остварувајки се поголеми приходи и создавајки зголемен притисок врз туроператорите и класичните програми кои се за одредени целни групи патувачи.

од Vladimir Zorba
29 прегледи Фото: Приватна архива

Зголемувањето на користењето вештачка интелигенција во туризмот се повеќе расте. Таа се користи при креирањето на патувањата, препораки и закажувањето на патувањата. Според истражувањата на ABTA (Travel Advice & Holiday Information – UK) во 2025 година се користи во сите области на туризмот од резервација на транспорт до дестинациите, сместување до препораки што треба да биде посетено од туристите во дестинациите. Блиската иднина во туристичката индустрија ќе доживее големи трансформација со развојот и примената на вештачката интелигенција зголемувајки ги можностите за туристите, задоволувајќи ја нивната пребирливост и желбата за откривање и доживување на уникатни искуства заокружени со незаборавни кратки патувања. Системите водени со вештачката интелигенција овозможуваат на светските платформи пристапност на голем број хотели, авио-билети, услуги кои се барани од туристите, остварувајки се поголеми приходи и создавајки зголемен притисок врз туроператорите и класичните програми кои се за одредени целни групи патувачи.

Според податоците од одредени истражувања на полето од туристичката индустрија во следните година се очекува употребата на вештачката интелегенција во туризмот да донесе повеќе од 140 милијарди долари приход. Студиите кои ја истражуваат примената на вештачката интелегенција во туристичката индустрија се насочени кон зголемувањата на функците со персонализација, автоматизирана корисничка помош, препознавање на глас, виртуелизација, препознавање на лица ќе станува се повеќе застапена. Овие системи овозможуваат подобрување на услугата, штедат финансии и време, а резултатот е се повеќе задоволни клиенти. Еден од значајните елементи на патувањата преставува и сигурноста на туристите и намалување на лажните и сомнителни резервации кои со инплементирањето на вештачката интелегенција се сведуваат на минимално ниво. Генерално можеме да издвоиме повеќе елементи на туристичката индустрија каде вештачката интелегенција ќе го зголемува своето влијание во планирање на патувања, онлајн резервации, корисничка поддршка, хотелско и сместувачко работење, транспорт и туристичка мобилност, маркетинг и промоција на дестинации, туристички водичи и културно наследство, безбедност и управување со ризици, одржлив и зелен туризам и аналитика и стратешко планирање.

Примената на вештачката интелигенција во туристичката индустрија за краток временски период ќе изврши голем број на промени и креирајќи интереси на идните патувачи кои се повеќе ќе се потпираат на дигиталните алатки. Во многу елементи вештачката интелигенција за малите дестинации ќе преставува предност знаејќи ги трендовите за кратки патувања по неколку пати во годината.

Дестинации со јасна визија за развој на туризмот, дигитализација на високо ниво вклучувајки ја вештачката интелигенција во промоција и дополнителни услуги за туристите е една од добитните комбинации дестинацијата да остане конкурентна и добро позиционирана на туристичкиот пазар. Тука можеме да ги истакнеме, дестинации кои во своите промотивни кампањи и туристичко брендирање користат податоци и искуства за потребите на туристите преку вештачката интелегенција Словенија, Малта, Шпанија…. Високиот степен на дигитализација во комбинација со вештачката интелигенција создава нови услуги за туристите кои многу често ги формираат своите потреби во текот на денот без разлика колку ќе чинат и сместувачки капацитети кои ги надминуваат очекувањата на посетителите. Овие дестинации креираат нови атракции и шареноликоста на туристички форми кои овозможуваат продолжен престој на туристите и одличен дестинациски менаџмент во текот на целата година. Дестинациите кои во чекор и континуитет ќе се развиваат со дигитализацијата и вештачката интелигенција со генерации кои го разбираат туристикиот менаџмент ќе овозможат континуиран раст на туризмот во државите во следната деценија.

За останатите дестинации кои се уште го разбираат и практикуваат туризмот како во касните 80-ти и 90-ти години од минатиот век преспивајќи ги фазите на неговиот развој прераснуваат во неконкурентна дестинација. Дестинација која ќе се промовира не според потребите и интересите на туристите, туку со евтините аранжмани и расеаната поддршка (субвенционирање) кое создава само статистички бројки без јасна развојна компонента ќе биде крајно неповолно за креирање на понуди од домашни туроператори.

Доколку ве нема на полето од дигиталната промоција, без релевантни податоци за потребите на туристите, нивните интереси и новите трендови во регионот и светот тогаш легитимно е да се признае дека туризмот ви се случува. Тогаш имате туризам кој се претвора во попатна станица на кружни патувања и посети за да се исполни квотата за субвенционирање, а не поради атрактивноста или барањето на туристите за посета на дестинацијата. Многу од предходното напишаното важи и за нашата Македонија за која вештачката интелигенција не може да преставува предност, туку закана, а дигитализацијата во туристичкиот сектор се уште ќе почека подобри времиња. Според програмата за промоција и поддршка на туризмот за 2026 година и буџетот за субвенционирање на странските туроператори македонскиот туристички сектор е на слеп колосек.

Доц. д-р Љупчо Јаневски 

Ставовите искажани во рубриката „Колумни“ се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на „Локално“. Одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот