Грција подготвува забрана за социјални мрежи за деца под 15 години. Пратениците од владејачката партија изјавија за медиумите дека владата ќе достави соодветен закон до парламентот за дискусија во рок од неколку дена.
Анкета објавена денес покажува дека 80% од Грците ја поддржуваат оваа мерка.
Психолозите предупредуваат дека децата развиваат анксиозност и депресија од секојдневното користење на социјалните мрежи. Според наставниците, сè повеќе деца покажуваат чувство на изолација и ниска самодоверба, а има и случаи на самоубиство како резултат на сајбер малтретирање.
Нацрт-законот, кој се дискутира и гласа во парламентот, предвидува забрана за користење на социјални мрежи за деца под 15 години. Нивната регистрација може да се направи само со дозвола од родителите, кои ќе ги контролираат контактите на децата.
Во Грција, веќе е на сила забрана за користење мобилни телефони во училиште, што покажува позитивни резултати кај учениците.
Премиерот Киријакос Мицотакис рече дека владата ќе дејствува за да ги заштити децата од ризиците од социјалните медиуми.