Полициска акција на повеќе локации во Струмица и Скопје, под истрага мрежа поврзана со канабис

Вечерва се спроведува опсежна полициска акција на повеќе локации во Струмица и струмичкиот регион, а под контрола на надлежните од четврток навечер е ставен и објект во Скопје, во рамки на поранешниот индустриски комплекс ОХИС, јавуваат неофицијални извори.

од desk4
42 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/

Вечерва се спроведува опсежна полициска акција на повеќе локации во Струмица и струмичкиот регион, а под контрола на надлежните од четврток навечер е ставен и објект во Скопје, во рамки на поранешниот индустриски комплекс ОХИС, јавуваат неофицијални извори.

Според достапните информации, во акцијата се вклучени повеќе институции, меѓу кои полицијата, царинските служби, здравствени инспекции и Јавно обвинителство. Наводно, активностите се насочени кон мрежа на т.н. легални производители на канабис, за кои постојат сомневања дека подолг период ја злоупотребувале дозволената дејност.

Засега нема официјална потврда, ниту демант од надлежните институции. Премиерот Христијан Мицкоски денеска, во изјави за медиумите, не навлезе во детали поврзани со неодамнешната заплена на марихуана во Србија, што дополнително ги засили шпекулациите дека станува збор за координирана и поширока акција на Министерство за внатрешни работи.

Повеќе информации и официјални соопштенија од надлежните се очекуваат во текот на утрешниот ден.