Повторно подигнато обвинение за убиството на Данка Илиќ

Вишото јавно обвинителство во Зајечар повторно поднесе обвинение против Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ, јавуваат српските медиуми.

од desk4
16 прегледи

Вишото јавно обвинителство во Зајечар повторно поднесе обвинение против Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ, јавуваат српските медиуми.

Данка Илиќ исчезна на 26 март 2024 година во населбата Бањско Поље, во близина на Бор. По нејзиното исчезнување следеше опсежна и повеќедневна потрага, при што полицијата разговараше со сведоци и мештани, но без конкретни сознанија за тоа што му се случило на детето.

Во текот на истрагата се појави и видео-снимка од Виена, на кое беше забележано девојче што наликува на Данка, поради што потрагата беше проширена и на Австрија. Австриската полиција подоцна соопшти дека детето од снимката не е Данка Илиќ.

Трагичната вест беше објавена еден ден подоцна, кога српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека Данка е убиена, дека две лица се приведени и дека го признале злосторството. Станува збор за вработени во ЈКП „Водовод“ од Бор, кои на 26 март биле службено ангажирани во Бањско Поље.

Телото на детето до денес не е пронајдено. Иако обвинението веќе беше поднесувано и претходно, според медиумите, тоа не одговорило на бројни отворени прашања. Во текот на истрагата биле сослушани голем број сведоци, меѓу кои и жители на Бањско Поље во Бор.