Амбасадорката на Кина Џанг Сјаојан на средба со премиерот Мицкоски

Амбасадорката на Народна Република Кина во земјава, Џанг Сјаојан, на 4 февруари 2026 година оствари средба со премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски.

од desk4
21 прегледи

Амбасадорката на Народна Република Кина во земјава, Џанг Сјаојан, на 4 февруари 2026 година оствари средба со премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски.

На средбата, премиерот Мицкоски истакна дека пријателските односи меѓу Северна Македонија и Кина се темелат на меѓусебно разбирање, почит и соработка за заедничка корист. Тој нагласи дека во изминатите години билатералната соработка во различни области дала конкретни и плодни резултати, изразувајќи очекување за натамошно продлабочување и искористување на потенцијалите во интерес на граѓаните на двете земји.

Мицкоски ја потврди и позицијата на Владата дека постои само една Кина, оценувајќи го овој принцип како неспорен факт, при што нагласи дека Северна Македонија ќе продолжи доследно да се придржува до принципот „една Кина“.

Амбасадорката Џанг Сјаојан изрази благодарност за поддршката на македонската Влада кон овој принцип и истакна дека кинеската страна е подготвена дополнително да ја зацврсти основата на билатералните односи и да го унапредува пријателството меѓу двата народа.

Таа посочи дека годинава претставува почеток на новиот, петнаесетти петгодишен развоен план на Кина, кој ќе биде фокусиран на висококвалитетен развој и поголема отвореност. Како доверлив развоен партнер на Северна Македонија, Кина, како што беше наведено, е подготвена да ги сподели можностите од својата модернизација и да ја продлабочи практичната соработка во области како економија и трговија, инвестиции, зелен развој, инфраструктура, образование, култура и туризам.

Слични содржини