Независниот синдикат на полицијата поднесе кривична против лицата кои се закануваа со убиства на полицајци на протестите против „Безбеден град“

Вчера еден од учесниците на протестите се извини за јавно искажаните смртни закани против државниот врв. Вели дека бил изнервиран оти на братучед му му ја земале колата

од Nikola Popovski
22 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

Заработија кривична пријава двете лица од ромска националност, а кои пред неколку дена јавно се закануваа со убиства и немири доколку полиција се обиде да ги легитимира или да им одземе возило, заради непочитување на законските прописи откако беа одземени возила на лица поради немање возачка дозвола, согласно измените на Законот за прекршоци.

Независниот синдикат на полицијата објави дека поднесена е кривична против двете лица од Битола кои се закануваа дека ќе тепаат и убиваат полицајци доколку се обидат да го спроведат законот.

„Очекуваме обвинителството од Битола веднаш да постапи на истиот начин како што постапува против нас и уште утре да побара притвор за овие лица.️ Доколку ова не се случи во најкус можен рок, нека бидат сигурни дека нивното не постапување нема да остане незабележано…“, истакнаа од НСП.

Вчера еден од учесниците на протестите се извини за јавно искажаните смртни закани против државниот врв. Вели дека бил изнервиран оти на братучед му му ја земале колата и порача дека никогаш повеќе такви закани нема да се повторат. Тој неколкупати повторува дека таквото однесување нема да му се повтори.

Јавното обвинителство, во тесна соработка со МВР, отвори истрага за случувањата на неодамнешните протести против проектот „Безбеден град“, по серијата наводи за закани кон полициски службеници. Веќе се дадени насоки да се испита дали говорот и однесувањето на учесниците ги исполнуваат елементите за тешки кривични дела против државата и јавниот ред.