Славески: Инвестициски фонд од Данска купил 40 станови во Скопје

„Прашувам за што, дали ќе ги издаваат, не знаат“, вели гувернерот на Народната банка

од Nikola Popovski
51 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески вели дека има информации како инвестициски фондови од странство купуваат голем број на станови во изградба во Скопје.

„Еве последна информација ми е, неофицијална, дека дански фонд во станови, во згради во изградба на територијата на Скопје, недалеку од центарот, има купено 40 станови. Прашувам за што, дали ќе ги издаваат, не знаат“, рече гувернерот во емисијата „Вин-вин“.

Тој смета дека инвестицијата е како се очеува да расте цената на становите, но, како што вели, не е гаранција како што се случува кај останатите средства.

Запрашан дали под дански фонд мисли на Данци, Славески одговори дека е „странски фонд од странство“.