Курти денес во Скопје, се воведува посебен сообраќаен режим

МВР најави промени во режимот на сообраќај поради посетата на косовскиот премиер

од Nikola Popovski
13 прегледи Фото: Фејсбук/Принтскрин/Албин Курти

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска (10.02.2026) во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.

-Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници, порачаа од полицијата.