Експлозија и пожар по судир на БМВ и камион, тешко повреден 25-годишник

Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа околу 23 часот на патот Велес – Скопје

од Nikola Popovski
56 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

Синоќа околу 23 часот на патот Велес-Скопје кај клучката Хиподром се случила сообраќајна несреќа кога патничко возило „БМВ“ удрило во товарен камион од Неготино, при што имало експлозија и пожар.

Интервенирале пет противпожарни возила на скопската противпожарна бригада, по што пожарот целосно бил локализиран до 3 часот изутринава и сообраќајот е нормализиран.

Во несреќата повреден е 25-годишниот возач на патничкото возило од скопско Бујковци, кој со тешки телесни повреди бил пренесен на клиниките „Мајка Тереза“.

Направена е голема материјална штета на камионот и возилото којшто целосно изгореле.