Полска нема да се приклучи на Мировниот совет предводен од САД под сегашните околности, но ќе продолжи да ја анализира можноста, изјави денес полскиот премиер Доналд Туск.
„Земајќи во предвид одредени национални сомнежи во врска со формата на советот, под овие околности Полска нема да се приклучи на работата на Мировниот совет, но ние ќе го анализираме“, рече Туск на состанокот на кабинетот.
Како што претходно беше најавено, американскиот претседател Доналд Трамп ќе го свика инаугуративниот состанок на новиот Мировен совет во Вашингтон подоцна овој месец, со главен фокус на собирање средства за обнова на Газа.