ДУИ: Во Чаир дури има и нови градби врз веќе постоечките дивоградби

„100 дена од новиот мандат: Продолжување на 20-годишното лошо управување во Чаир“, вели Алија од ДУИ

од Nikola Popovski
13 прегледи Фото: Принтскрин/Фејсбук

„Денес ги одбележуваме првите 100 дена од петтиот мандат на 20-годишното владеење на една клика во Чаир. За жал, овие 100 дена не донесоа никаква реална промена за граѓаните.Во овие 100 дена ги видовме истите појави што ја следат општината повеќе од 20 години: бесправни градби кои продолжуваат без никаква контрола, па дури и нови градби врз веќе нелегални градби; тежок корупциски систем; партиско заробување на институциите; невиден непотизам; целосен недостиг на иницијатива и одговорност“, порачаа денеска од ДУИ за раководењето на градоначалникот Изет Меџити.

Според Бесарта Алија од ДУИ, институциите не функционираат како сервис за граѓаните, туку се однесуваат како партиски штабови. Обвинуваат дека има урбан хаос, сериозен недостаток на јавна хигиена, узурпација на државен имот и систематска злоупотреба на јавните ресурси.

-Измамата стана начин на владеење, а изборните ветувања останаа само на хартија и во објави.

Овие 100 дена беа само најава за она што ќе се случува во наредните четири години: продолжување на затворен круг од 20-годишно лошо управување, каде што интересите на мала група се ставаат над јавниот интерес и над иднината на Чаир.

Граѓаните на Чаир заслужуваат функционални институции, владеење на правото, уреден урбан развој и администрација што работи за нив, а не за збогатување на два-тројца братучеди.

Ќе продолжиме да го креваме гласот, со факти и одговорност, за да го заштитиме јавниот интерес и достоинството на граѓаните на Чаир, стои во соопштението од ДУИ.

Слични содржини