Опожарени пет возила во Батинци

Сите возила се сопственост на две правни лица од Скопје

од Nikola Popovski
26 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

На 12 февруари 2026 година во 03:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во гаража во село Батинци, скопско, опожарени се три патнички возила – „ауди“ со скопски регистарски ознаки, „фолксваген голф 7“ и „фолксваген голф 8“ со скопски регистарски ознаки. Сите возила се сопственост на две правни лица од Скопје.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а при гаснењето со повреда се здобил 48-годишен маж од Батинци.

На местото на настанот извршен е увид, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.