Петрушевски: Сопственикот на илегалната дрога – рамо до рамо со Филипче

„Ако порано се велеше дека сите патишта водат кон Рим, денес сите патишта за криминал и корупција, водат кон Филипче и Заев“, обвинува пратеникот

од Nikola Popovski
94 прегледи

„Со денови ги слушаме СДС и Филипче, во прашална форма како лажно ја обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ за некаков шверц на дрога, па го мешаат Томовски, и кој се уште не, но, еве ја вистината на дело“, рече на денешната прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што истакна во својата изјава, откриваме фрапантен податок и фотографија, која покажува директна инволвираност на Венко Филипче со шверцот на илегалната дрога.

-Венко и газдата на фабриката со илегалната марихуана – еден до друг. Венко Филипче на телевизиско интервју, кажа дека нема никаква врска со вистинскиот сопственик на Фирмата „ЦБД Медплант“ и поранешен функционер на СДС, Тони Котев, а како што гледаме на сликата тие двајца добро се познавале и соработувале.

Венко Филипче и Тони Котев, рамо до рамо еден до друг, потсетува пратеникот.

Петрушевски обвинува дека „каде има чад, има и оган, а каде има криминал и корупција, таму се и Филипче и Заев.

„Ако порано се велеше дека сите патишта водат кон Рим, денес сите патишта за криминал и корупција, водат кон Филипче и Заев. Го повикуваме ЈО, да ја истражи поврзаноста на Филипче и Заев, во случајот со 30-те тони запленети дрога“, нагласи пратеникот од владејачката партија.