Гоце Наумовски не е член на партија туку угледен професор, велат од ВМРО-ДПМНЕ за советникот на Мицкоски кој се очекува да биде уставен судија

Наумовски е актуелен надворешен советник за правни работи на премиерот Христијан Мицкоски

од Nikola Popovski
45 прегледи Фото: Локално

„Краток одговор за нападот на Гоце Наумовски од СДС – Гоце Наумовски не е член на партија, туку угледен професор“, велат од ВМРО-ДПМНЕ за обвинувањата дека советникот на премиерот Христијан Мицкоски е кандидат за нов уставен судија.

Од партијата на власт додаваат дека во претходните години, последните два предлози на СДСМ биле целосно партиски решенија.

„Како Ана Павлова Данева, поранешен потпретседател на СДС и Јадранка Дабовиќ, носител на СДС за Град Скопје на локалните избори во 2005 година. Додека судијката Даниела Алексовска Стојановска, во семејната куќа во Ранковце, смести општински штаб на СДС. Оттука јасно е направи тотална партизираност и контрола на судството. Тоа се токму СДС кои судиите и обвинителите ги бираше во штабот на Бихаќка“, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Наумовски, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети кирил и Методиј“ (УКИМ) и актуелен надворешен советник за правни работи на премиерот Христијан Мицкоски, е предлогот за нов судија во Уставниот суд. Вчера, собраниската Комисија за прашања на изборите го потврди како кандидат, откако беше предложен од претседателот на комисијата, Ѓорѓија Сајкоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ велат дека ова кадровско решение следи низ низата други интервенции во правосудството: промена на јавниот обвинител, избори на обвинител под владина контрола, назначување на сопруга на градоначалник за член на Судски совет, и сега предлог за уставен судија што е блиско поврзан со власта. Според реакцијата, тоа значи сериозно поткопување на независноста на судството во земјата.