Жена која се води како „почината“ пред 20 години, родила дете пред три месеци!

Неверојатен случај во Тетово - „умрела“ пред 20 години, а во декември 2025 се породила

од Nikola Popovski
41 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

На 12.02.2026 во 13:40 часот во СВР Тетово, тројца вработени во Центар за социјални работи Тетово пријавиле дека се сомневаат за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

Според пријавата, на 21.01.2026 во Центарот пристигнало известување од Управата за водење матични книги дека на 08.12.2025 во Клиничка болница Тетово е родено женско дете од мајка А.С.(27), а при постапката за регистрирање на новородено дете во евиденциите на Управата, мајката се водела како почината на 21.10.2006.

По преземени мерки и испратени покани, на 12.02.2026 лицето А.С. се појавила во Центарот за социјални работи со новороденото дете заедно со едно машко лице, но не приложиле никаков документ за идентификација. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Слични содржини