Обвинителката Ленче Ристоска, која порано беше дел од згаснатото СЈО, за обвинувањата од нејзината поранешна колешка, Лејла Кадриу, вели дека сите тие се лаги и дека „лесно може да се докаже колку пари биле потрошени во 2015 дека записник постоел“, а и за дел од работите кои ги зборувала, Ристоска вели дека сегашната „адвокатка не ни била присутна во тој временски период“.
-Во делот на нападите на адвокатката Лајла Кадриу беа изнесени и лични навреди кон мене. Јас само сакам да кажам дека јас не изигрувам жртва. Јас сум борец против криминал и корупција и за мене е сосема логично како одреден профил на лица се чуствуваат, би рекла, засегнати од мојата детерминираност во ваквата борба, изјави денеска обвинителката Ристоска.
По реакцијата на обвинителот Гаврил Бубевски за наводите што ги изнесе Кадриу, со реакција а се огласи и обвинителката Елизабета Јосифовска, која исто така беше дел од Специјално јавно обвинителство. Таа ги демантираше обвинувањата на Кадриу и најави тужба.
Од друга страна, Кадриу преку социјалните мрежи истакна дека не гледа основ за извинување.
„Не гледам основ за извинување кога сум изнела факти хронолошки и професионално, но ако за нив вистина е навреда, тоа е веќе нивен проблем, не мој“, соопштила адвокатката.
СЈО повторно се актуализира во јавноста откако адвокатката во телевизиско гостување изнесе ставови за начинот на функционирање на институцијата, наведувајќи директни политички влијанија, финансиски злоупотреби и незаконско постапување во периодот кога СЈО било активно.