Фирми за производство на марихуана: голем дел работат со загуби, дел со блокирани сметки !

„Локално“ објавува податоци за добивките, загубите, приходите и расходите на уште неколку активни фирми, но и компании со блокирани сметки од овој сектор кој опфаќа 43 правни субјекти.

од Vladimir Zorba
36 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/Ал Џезира

Бизнисот со производство на марихуана за медицински цели се смета за еден од „најревносните“ но лиценцираните компании, според податоците за финансиското работење – тешко профитираат. Дел од компаниите кои се водат како активни веќе се со блокирани жиро сметки. „Локално“ објавува податоци за добивките, загубите, приходите и расходите на уште неколку активни фирми, но и компании со блокирани сметки од овој сектор кој опфаќа 43 правни субјекти.

Една од компаниите во која се спроведоа последните вонредни контроли и се направи заплена на количини на марихуана е АЛПХАПХАРМ ГРОУП ДОО Скопје. Оваа компанија во 2024 година прикажала загуба од 133.215 евра што е значјано зголемување на минусот во работењето на годишно ниво, во однос на 2023 та кога билансот на работа бил во минус со 18.800 евра. Приходите на годишно ниво на оваа фирма во 2024 биле само 8.820 евра а расхоодите биле 142 000 евра. На годишно ниво приходите се намалени за 77,89% а расходите се зголемени за 142,47%.

ГРЕЕН ХОУСЕ 024 ДООЕЛ с.Сопот Кавадарци. Оваа фирма според податоците од „Бизнис мрежа“ има блокирана банкараска сметка. Во 2024-та фирмата прикажала загуба во износ од 25.400 евра колку што изнесуваат расходите, без притоа да се прикажат приходи. Во 2023-та нема податоци за приходи и за расходи. Во УЈП е регистрирана со дејност „Одгледување на зачински ароматични и лековити растенија и на растенија за употреба во фармацијата“.

ЦИТИ 13 ХОЛДИНГ ДООЕЛ Битола. Според податоците за една година, во 2024-та во однос на 2025-та оваа битолска фирма прикажува значајна промена во финансиското работење. Во 2024 та прикажува нето добивка во износ од 351 000 евра за разлика од 2023-та кога загубата била 23.700 евра. Приходите се зголемени за 145,33% додека расходите се намалени за 100%.

ОХРИД ОРГАНИЦС ДОО Охрид. Уште една компанија која прикажува загуби во работењето. Во 2024-та во однос на 2023-та нето-загубата е зголемена и достигнала 1.398.000 евра. Во 2024 та приходите изнесувале скоро 338 000 евра и се зголемиле за скоро 208% додека расходите биле на ниво од речиси 1.736.000 евра со годишен пораст за 163%.

ЦБД МЕДПЛАНТ ДОО с.Борисово. Оваа фирма со седиште во Ново село, Босилево, во 2024-та прикажала добивка во износ од скоро 75.000 евра што е за 32,5% помалку во однос на 2023-та година. Приходите во износ од 379.100 евра се зголемиле за 176% додека расходите во 2024-а изнесувале 300.000 евра и тие бележеле раст за 1.033%.

Според последните достапни податоци од „Бизнис-мрежа“ за финансиското работење на компаниите за производство на марихуана, дел од овие фирми се со блокирана жиро сметка како што се ГОЛД ЛЕАФ ЕУРОПЕ ДООЕЛ Скопје, ГМ ЛАЈТ МЕДИКАЛ ДОО увоз-извоз Скопје, ЕУРО КАНН ДОО Демир Хисар, ГРИН БОКС КУЛТИВАЦИЈА ДОО Скопје веќе е во стечај.

По заплената на 5 тони марихуана во Србија, за која српските власти посочија дека е со потекло од Македонија, по налог на Владата се изврши контрола во дел од фирмите од овој бизнис по што беше соопштено дека се запленети 40 тони марихуана за кои се тврди дека постојат „нелегално“. Со одлука на Влада во тек се вонредни контроли во компаниите кои имаат лиценца за производство на марихуана за медицински цели.

Д.А.