Грчки државјанки краделе од продавница во скопски Аеродром

Лишени од слобода државјанки на Грција кои краделе козметички производи

од Nikola Popovski
18 прегледи Фото: Фејсбук/МВР

На 15.02.2026 во 19:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода 46-годишната Е.П. и 26-годишната Г.Г., двете од Република Грција.

Тие се сомничат дека на 14.02.2026 во периодот од 18:15 до 18:35 часот од продажно место во Трговски центар на подрачјето на општина Аердором одзеле повеќе козметички производи.

По целосно документирање на случјот, против двете ќе биде поднесена соодветна пријава.