Адеми реагира за „скандал“ во Струга: „Албанскиот не е превод, тој е службен јазик“

Потпретседателот на ДУИ вели дека има непочитување на албанскиот јазик од страна на ЈП „Водовод и Канализација“ - Струга

од Nikola Popovski
28 прегледи Фото: Фејсбук/Арбер Адеми

Потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми, преку објава на социјалните мрежи, реагирал на, како што вели, непочитувањето на албанскиот јазик од страна на ЈП „Водовод и Канализација“ – Струга кое е под капата на Општина Струга.

„Скандал во Струга! Скандали низ цела Северна Македонија.

Иако постои закон кој јасно ја гарантира употребата на албанскиот јазик, јавно претпријатие во Општина Струга бара од советник да го поднесе барањето на македонски јазик, со образложение „за да се разбере целосно и правилно“.

Албанскиот не е превод, тој е службен јазик.

П.С. Не можев да поверувам кога го прочитав следното писмо!“, објавил Адеми.