Венс: Не е дека не ја сакаме Европа, но таа се саботира себеси

Венс инсистираше дека САД сакаат просперитетна Европа со „жива економија“

од Vladimir Zorba
8 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/ Fox News

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, изјави дека европските земји си штетат себеси во време на дебата за растечкиот јаз меѓу САД и Европа.

„Не е дека не ги почитуваме нашите сојузници. Туку тие прават многу за да се саботираат себеси“, рече Венс во интервју за американската телевизиска станица „Фокс њуз“ во вторникот.

Венс инсистираше дека САД сакаат просперитетна Европа со „жива економија“.

„Проблемот што го имаме со Европа не е тоа што не ја сакаме Европа“, рече Венс.

Сепак, тој тврдеше дека притисокот од администрацијата на претседателот Доналд Трамп е потребен за да се охрабрат сојузниците во НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана и да инвестираат во заштита на границите за да се ограничи миграцијата.

„Значи, постигнавме голем напредок, но искрено, сакаме нашите европски сојузници да бидат многу подобри“, додаде Венс.