Мециновиќ: Нека умрат фирмите кои не можат да дозволат достоинствени плати за македонските граѓани

„На нас семејствата ќе ни се распарчуваат бидејќи фирмите кои не можат да поднесат повисоки плати, вие ќе ги штитите? Ние тоа нема да го дозволиме“, рече пратеникот на Левица

од Nikola Popovski
33 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

Пратеникот и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ смета дека Владата доколку не може да ги зголеми платите на работниците, тогаш треба да воведе поголеми даноци за фирмите.

-Овие фирми нема да умрат од зголемување на платите, но ако цел бизнис-модел им се заснова на плати за сиромаштија, дозволете им да умрат. Нека умрат фирмите кои не можат да дозволат достоинствени плати за граѓаните на Македонија. Вашето штитење носи недостоинствен живот. На нас семејствата ќе ни се распарчуваат бидејќи фирмите кои не можат да поднесат повисоки плати, вие ќе ги штитите? Ние тоа нема да го дозволиме. Ако умираат, нека умрат, рече пратеникот на денешната собраниска седница за пратенички прашања.

Мециновиќ го праша министерот за економија, Бесар Дурмиши дали власта „конечно ќе признае дека незголемувањето на минималецот е нивен политички избор или до крајот на собраниската седница ќе покрене иницијатива за зголемување на 600 евра“.

Слични содржини