СДСМ: Сопругата на Ѓорѓиевски се појави на отчетот со чанта од 30 илјади долари

„Луксузирање со авиони врз грбот на народот оди со часовници од 60.000 евра и со чанти од 30.000 долари“, обвинуваат од опозициската партија

од Nikola Popovski
47 прегледи Фото: Фејсбук/Орце Ѓорѓиевски

СДСМ денеска преку соопштение порача дека сопругата на градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера на свечениот отчет во Филхармонија се појавила со брендирана чанта „Хермес“. Се наведува дека станува збор за еден од најексклузивните и најскапи бренд чанти во светот.

Вакви чанти, Hermes mini Kelly 2 (20 cm), како што наведуваат од СДСМ, чинат од 28.000 до 33.000 долари.

„Додека работниците едвај врзуваат крај со крај и мора да протестираат по улиците за поголеми, достоинствени плати, ВМРО-ОКГ парадира пред нивните очи. Скопје се дави во ѓубре, автобуси нема, граѓаните со часови чекаат за превоз, се возат во распаднати и небезбедни автобуси. Очигледно за ВМРО-ОКГ нов и поголем авион не оди со стари или евтини чанти. Луксузирање со авиони врз грбот на народот оди со часовници од 60.000 евра и со чанти од 30.000 долари“, порачуваат од СДСМ.

Од „Бихаќка“ додаваат:

„Само нека не се вадат на тоа е фејк или поклон. Може да биде поклон само од Орце. После толку криминални тендери поврзани со Пирамид билдинг и Ленди груп, нивните омилени фирми тоа е секако очекувано“, стои во партиското соопштение.

Синоќа беше првпат градоначалник да прави свеченост за 100 дена откако е на функција во сала која има капацитет за 890 лица и на која беа поканети актуелни функционери, градоначалници и партиски членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини