Мицкоски: Бугарија не може да стави вето доколку станеме членка на ЕУ и седнеме на масата

„Постои идеја Македонија да влезе во ЕУ откако ќе се спроведе мировен договор во Украина, но без право на глас и без право на комесар“, тврди премиерот

од Nikola Popovski
18 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

По изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека постои сценарио Македонија да влезе во Европската Унија во 2027 година без право на глас, во рамките на сценарио поврзано со мировниот план за Украина, претседателот на Владата денеска додава дека Бугарија во тој случај не може да стави вето бидејќи и формално ние ќе бидеме членка на ЕУ и ќе биде на заедничката маса.

Според Мицкоски, два услови ќе бидат важни, а за нас и третиот – спроведување на уставните измени и внесување на бугарското малцинство во Преамбулата.

-Низ бриселските кулоари се споменуваат заедничка надворешна и одбранбена политика и владеење на правото, односно реформите кои треба да се спроведат. Постојат две идеи и ние сме во двете. Првата е откако ќе се спроведе мировен договор во Украина и откако ќе започне реконструкцијата на Украина, таа формално заедно со уште три земји од Западен Балкан -Македонија, Црна Гора, Албанија да биде дел од овој план, а втората идеја е на ова да се додадат и останатите земји од ЗБ плус Молдавија. Ова било влез со многу заштитни механизми. Да биде поедноставно, Полска имаше таков механизам во земјоделието и 20 години не користеше структурни фондови. Како ќе ги затвораме поглавјата, така ќе се повлекуваат тие механизми. Нема да имаме право на глас, нема да имаме право на комесар, но ќе можеме да учествуваме во работата на Европскиот совет и институциите во Брисел. Не знам дали ќе стане вистина, но ова е концептот кој што се зборува, кажа премиерот при увид во изградба на автопатот Гостивар-Букојчани (Коридор 8).

Слични содржини