Хоџиќ: „Српскиот свет“ има големо негативно влијание врз Македонија

„Македонската влада се спротивставува на европскиот пат на државата“, тврди претседателот на СДА Македонија

од Nikola Popovski
22 прегледи Фото: Фејсбук

Претседателот на СДА Македонија, Џелал Хоџиќ, учествувашл на регионалната конференција „Геополитички промени и положбата на Бошњаците во Западен Балкан“, организирана од центарот за геополитички истражувања “Геопол“, во Сараево, соопштуваат од партијата.

Во своето излагање, Хоџиќ зборувал за состојбата и предизвиците со кои се соочуваат Бошњаците во Македонија и регионот.

„Северна Македонија и Босна и Херцеговина имаат заеднички стратешки интерес, да бидат дел од НАТО и ЕУ. Бошњаците во Северна Македонија се интегриран народ. Можете да најдете успешни Бошњаци во секоја сфера од општествениот живот и развој во Северна Македонија. За жал, голем предизвик во овој момент е политиката на Владата на Северна Македонија, која се спротивставува на европскиот пат на државата, со големо негативно влијание врз неа на авторитарните лидери Александар Вучиќ и Виктор Орбан. Негативното влијание на „српскиот свет“ врз Северна Македонија е забележано и во европскиот извештај за напредокот на земјата“, порачал претседателот на СДА Македонија.