СДСМ: Дали ставот дека „Српска Македонија“ била окупирана е критериумот за избор на Адамовиќ?

„Српска Македонија била окупирана“, објавил новиот македонски конзул во Србија пред 14 години

од Nikola Popovski
41 прегледи Фото: Српско Министерство за надворешни работи

„Фатени во скандалот со назначувањето на Душан Адамовиќ за почесен конзул во соседна Србија, ВМРО-ОКГ се обиде да се сокрие зад лаги. Одлуката за назначување почесен конзул ја носи Владата на седница. Не поминува префрлање вина, не поминува дефокус“, велат од СДСМ за назначениот конзул на Македонија во Србија.

Од опозициската партија прашуваат „дали е критериум за Македонија да се пишува дека „Српска Македонија“ била окупирана?“.

-Или тоа што е висок функционер на СНС, нивната сестринска партија? Сестринската партија, очигледно, има многу такви функционери. Еден од нив, истакнат функционер и финансиер на СНС, беше уапсен во акција поврзана со 5 тони дрога што потекнува од Македонија.

Дали бројните афери со оружје, престрелки и напади со бомби со криминална позадина значат исполнување на критериумите?

Мицкоски мора да излезе и да одговори: Како од толку угледни и докажани бизнисмени во Србија, Владата го избрала токму Адамовиќ – човек со криминално минато за почесен конзул на Македонија, стои во партискиот став од „Бихаќка“.

Портпаролката на СДСМ, Кузеска вчера на прес-конференција прашувајќи кој е Адамовиќ и зошто токму тој е избран за почесен конзул, сподели негови стари објави на платформата Икс. Портпаролката цитирајќи една објава од Адамовиќ од 2012 година во која тој пишува „Ова е уште еден доказ дека српска Македонија e окупирана“, рече дека е скандал сам по себе.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека тој ги исполнува сите критериуми за дипломат и за негово поставување за конзул. „Предлогот за конзул на Душан Адамовиќ доаѓа од амбасадорот на Македонија во Белград именуван уште од времето на владата на СДС и ДУИ“, велат од партијата.

Оттаму додаваат дека „партијата на Башановиќ, СДС треба да разбере дека функцонира во Македонија и е опозиција во Македонија“.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека не сакаат да се вмрежуваат во дневно-политичките настани во соседна Србија иако, како што велат, желбата на СДСМ е огромна за тоа.

Слични содржини