Митрески направи споредба на цените: Ја намалуваат грамажата на брашното за да се прикаже дека цената стои во место

„Маслото од 62 денари до 76 во 2024 година, а денеска 95 денари. Влезете во која сакате продавница и кој сакате маркет. Млекото од 48 денари во 2017 година, 51 денар во 2020, 74 денари во 2024, а денеска имаме просечна цена од 76 денари“, рече пратеникот и побара сите да го поддржат зголемувањето на минималецот

од Nikola Popovski
26 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

Пратеникот на СДСМ, Јован Митрески на денешната собраниска седница на која се расправа за зголемување на минималната плата, направи споредба на цените на основните прехранбени производи која важи денеска и каква била пред неколку години.

За брашното, рече Митрески, во 2020 година било 32 денари за килограм, а денеска е 55 денари. Вели дека ги намалуваат и пакувањата: „Не е ниту веќе еден килограм туку од 800 грама за да се прикаже дека цената стои во место“.

-Маслото од 62 денари до 76 во 2024, а денеска 95 денари. Влезете во која сакате продавница и кој сакате маркет. Млекото од 48 денари во 2017 година, 51 денар во 2020, 74 денари во 2024, а денеска имаме просечна цена од 76 денари. За што ние зборуваме тука? Видете за кој сакате основен производ. Денес зборуваме за платата да биде 600 евра, за да обезбеди основна егзистенција и преживување на нашите работници кои што ги чуваат нашите фабрики, ја граделе нашата земја и кои што треба д аги мотивираме да работата, рече Митрески од собраниската говорница.

Пратеникот жали што во моментов сме држава со милион и 400 илјади луѓе и бара да не се надмудруваме за ова клучно прашање како платите.