Филипче: Единствено што недостасуваше во „апсењето“ на Груби беше црвен килим

Тој додаде дека како политичка партија воошто не се плашат од можноста Артан Груби да се вратил во Македонија како дел од некој договор со обвинителството во возврат за сведочења или докази во однос на работењето на претходната Влада предводена од СДСМ

од Кристијан Димков
14 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Сител Телевизија

Бегалец (Артан Груби) којшто се наоѓа на листа во државава се појави елегантно, смирено, со наочари и со насмевка да биде уапсен од страна на претходно дојдени службеници со веќе присутна камера за сето тоа да го снима, додавајќи дека единствено што недостасувало било црвен килим, изјави лидерот на СДСМ Венко Филипче во вчерашната „Тема на денот“ на Телевизија Сител.

„Граѓаните не се ниту слепи, ниту глуви, ниту наивни сите видоашто се случи на граничниот премин Блаце тоа утро во државава. Се случи урнисување на правниот систем, се случи урнисување на еден дел од демократијата и се случи целосно губење на довербата на сите граѓани  коишто живеат во државава дека оваа власт може да го испорача тоа што треба: реформи, вистинска правда и тоа се случи на очиглед на сите граѓани“, изјави Филипче.

Тој додаде дека како политичка партија воошто не се плашат од можноста Артан Груби да се вратил во Македонија како дел од некој договор со обвинителството во возврат за сведочења или докази во однос на работењето на претходната Влада предводена од СДСМ, истакнувајќи дека секој кој ги прекршил законите, независно од партиската и етничката припадност, мора да одговара.