Тошковски: Македонци кои палат албанско знаме се предмет на кривичен прогон, ама и Албанци кои палат македонско знаме исто така се предмет на соодветен прогон

-Кога вие ќе се борите и за Македонците како јас што се борам за Албанците, за многу кратко време нашите граѓани ќе имаат поинаков пристап кон сите предизвици во ова наше убаво општество, кажа министерот, одговарајќи на пратенички прашања

од Nikola Popovski
18 прегледи Фото: Фејсбук

„Гадно и лошо е чувството кога една навивачка група навредува и плука на спортски натпревари по еден етникум во Македонија и обратно кога друга навивачка група го прави истото“, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски од собраниската говорница, одговарајќи на пратенички прашања. Вели дека многу што во изминатите 20 години, кога ДУИ биле дел од власта, не сториле ништо за превенција на ваквите случаи.

Смета дека тоа е пораз на едно демократско општество и смета дека ваквите настани ги има насекаде низ светот. Министерот оценува дека МВР одговара соодветно.

-Доколку во минатото на провокации и незаконски дејствија било одговорено на начин како што одговоривме ние претходната година и доколку секој беше процесуиран, денеска немаше да бидеме на ова дереџе на кое што сме. Факт е дека во изминатата година дена покажавме дека можело и поинаку да се постпаува. Можело и Македонци кои палат албанско знаме да бидат предмет на кривичен прогон, ама и Албанци кои палат македонско знаме да бидат предмет на соодветен прогон. Кога така ќе постапува, имаме надеж дека за 20 години отсега, државата ќе може соодветно да одговори, кажа Тошковски.

-Кога вие ќе се борите и за Македонците како јас што се борам за Албанците, за многу кратко време нашите македонски граѓани, во кои влегуваат сите, ќе имаат поинаков пристап кон сите предизвици во ова наше убаво општество. Сите ние сме убави луѓе кои живееме во убава држава, само треба да имаме поинако пристап на работите, додаде министерот.

Пратеничкото прашање од пратеничката Дијана Тоска од ДУИ беше поставено во однос на навредливо скандирање на минатонеделниот натпревар Вардар-Башкими кој се одигра во Скопје.