Граѓанската иницијатива „Сите за Палестина“ ја повикува македонската јавност на мирен протест пред зградата на Министерството за надворешни работи. Како што велат од иницијативата, протестот е во солидарност со палестинскиот народ и со сите луѓе директно нападнати од Израел и САД во изминатите денови. Исто така упатија критики кон шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски.
„Во вторник во 12:00 ве повикуваме на мирен протест пред зградата на МНР да покажеме солидарност со Палестинскиот народ и сите луѓе директно нападнати од израел и сад.
Во последниве неколку денови Израел и САД убија преку 100 девојчиња во школо во иран, со безобразни напади додека траат ,,преговори за мир”. Во меѓувреме го затворија преминот Рафа каде се евакуираат најтешко повредени, болни и изнемоштени Палестинци, и направија преку 30 прекршоци на меѓународното право.
Вазалот Тимчо се радува на смртта на цивили, жени и деца и страствено го поддржува секое кршење на човековите права и на меѓународно то право и УШТЕ ЕДНАШ во наше име поддржува геноцид и војна.
Нема зборови што веќе не се кажани. Ова мора да запре“, стои во објавата на „Сите за Палестина“.