ПАНИКА НА БЕНЗИСКИТЕ: Возачите ги полнат резервоарите поради страв од ново поскапување на горивата

Вчера на неколку бензиски пумпи немаше дизел гориво. Она што беше невообичаено е дека на некои бензиски пумпи имаше голем гужва, а имаше и граѓани кои чекаа со канти и канистри на бензиските, вели Скопјанец за „Локално“

од Vladimir Zorba
41 прегледи Фото: Фејсбук

И покрај тоа што надлежните смируваат дека нема простор за паника и дека има доволно залихи на горива, сепак граѓаните сакаат да имаат резерви по стара цена. На бензинските пумпи се бележи нагло зголемена побарувачка – возачите ги полнат резервоарите до максимум, а дел од земјоделците купуваат дизел во канти и буриња, стравувајќи од нови поскапувања.

На пазарот веќе се чувствува криза, а дел од продавачите на бензиските пумпи ги ограничија количините кои можат да бидат наточени во едно возило.

-Вчера на неколку бензиски пумпи немаше дизел гориво. Она што беше невообичаено е дека на некои бензиски пумпи имаше голем гужва, а имаше и граѓани кои чекаа со канти и канистри на бензиските, вели Скопјанец за „Локално“.

Граѓаните велат дека на некои бензински пумпи имало редици и чекале подолго отколку вообичаено за да наточат бензин. Поради војната на Блискиот Исток постои страв од можен недостиг на гориво и значително зголемување на цените на горивата.

-Цел ден има гужва. Ова паника дека нема да има горива трае веќе два дена. Луѓето гледаат и слушаат на вести дека поради војната на Блискиот Исток може да запре снабдувањето со нафтени деривати и цените драстично да се зголемат и поради тоа се исплашени и ги полнат резервоарите до максимум, вели за „Локално“ еден вработен на бензиска пумпа.

Сепак, Регулаторната комисија за енергетика досега не ги зголеми драстично цените на горивата, односно со последната корекција во понеделникот цените на горивата се зголемија само за еден денар, а цената на дизелот остана иста. Се очекува да се види дали со новата корекција во понеделник ќе има позначително зголемување на цените на горивата.

-Залихи на горива има и нафтените потреби целосно се задоволуваат Нема простор за загриженост и снабдувањето со горива во државата е стабилно и состојбата е целосно под контрола, порача премиерот Христијан Мицкоски по средбата со претставници на нафтената индустрија.
Тој посочи дека институциите внимателно ќе ја следат состојбата и дека ќе реагираат доколку се појават потреби за дополнителни мерки.
Освен во нашат држава стравот од недостиг на нафта и нафтени деривати се прелеа и кај соседите. На бензиските пумпи се забележуваат редици, а луѓето освен во автомобилите, полнат нафта и во пластични канти.

Британците почнаа панично да купуваат бензин поради војната на Блискиот Исток, со долги редици на бензинските пумпи во Лондон и низ цела Велика Британија, бидејќи возачите брзаа да наполнат гориво пред очекуваниот скок на цените на горивата.

Експертите заклучуваат дека продолжувањето на конфликтот може да предизвика инфлаторни шокови, не само преку енергијата, туку и преку дистрибуцијата на стоките и трошоците за транспорт.

Б.С.