Владата го „пикира“ судијата Савески за нов државен јавен обвинител

Савески е поранешен јавен обвинител, а во Кривичниот суд ги суди случаите од организиран криминал и корупција

од Nikola Popovski
88 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/ТВ 24

Судијата од Кривичниот суд, Ненад Савески најверојатно ќе биде нов државен јавен обвинител. На денешната владина седница, бил изгласан ваквиот предлог, јавуваат дел од медиумите. Следниот чекор е финално изгласување во Собранието каде што за избор се потребни најмалку 61 глас.

Савески е поранешен јавен обвинител, а во Кривичниот суд ги суди случаите од организиран криминал и корупција.

На конкурсот што го распиша Собранието се јавија петмина кандидати. Позитивни мислењата, покрај Савески, добија обвинителката во Еуроправда, Ленче Ристоска, обвинителката Лидија Раичевиќ и в.д. државната обвинителка Анита Тополова-Исајловска. 

При оценката на кандидатурите, Советот на јавни обвинители го дисквалифкуваше поранешниот судија Владимир Панчевски.

Постапката за избор на нов државен јавен обвинител почна со огласот што го распиша Собранието на 12 јануари 2026 година. Кандидатите мора да имаат непрекинат работен стаж од најмалку 10 години како јавни обвинители или судии од областа на кривичното право.

Изборот на државен јавен обвинител следува откако во декември 2025 година Љупчо Коцевски даде оставка од функцијата, истиот ден кога Собранието требаше да расправа за неговото разрешување.

Минатиот месец, „Локално“ пишуваше на темата околу изборот на нов државен обвинител, при што дел од експертската јавност посочија дека „обвинителката Раичевиќ и судијата Савески се вистинските луѓе за ова место“.

Калајџиев: Раичевиќ и Савeски се вистинските луѓе за нов државен јавен обвнител, но Тополова е нескриен фаворит на ВМРО-ДПМНЕ