Тепачка во Велес: Ја нападнал поранешната девојка и нејзиното момче, бил употребен и електрошокер

Скопјанец со „засилување“ упаднал кај поранешната партнерка

од Nikola Popovski
20 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

На 09.03.2026 во 08:30 часот во СВР Велес, 23-годишна велешанка пријавила дека во нејзиниот дом дошол Б.Б.(26) од Скопје – нејзин поранешен партнер и физички ја нападнал неа и нејзиниот сегашен 24-годишен партнер, по што и М.К.(30) и Д.Б.(43), двајцата од Скопје, кои дошле со Б.Б., физички го нападнале нејзиното момче, при што употребиле електрошок и тврд предмет.

По преземени мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Б.Б., М.К. и Д.Б., кои подоцна биле спроведени во СВР Велес за понатамошна постапка.

Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.