Објект кој работи како ресторан и салон за убавина крадел струја преку специјална подземна шахта

Тајна шахта и кражба на електрична енергија во вредност од над 56.000 евра во станбено-деловен објект во Тетово

од Nikola Popovski
110 прегледи Фото: EВН

Електродистрибуција ДООЕЛ денеска соопшти дека по претходни контроли во станбено-деловен објект на ул. „Браќа Миладинови“ во Тетово, Тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија утврдил тешка кражба на електрична енергија. Според информациите, објектот работи како ресторан, спа центар, фитнес центар и салон за убавина.

Оттаму соопштија дека констатирано е противправно користење на електрична енергија преку специјално изработена подземна шахта и директно неовластено приклучување на нисконапонски кабелски вод.

-Составен е Записник за неовластено користење и поднесена е Пријава за неовластено преземање на електрична енергија до МВР според член 235-а од КЗ. Изготвена е Фактура за надомест на штета во износ од 3.459.428,00 денари, стои во соопштението од Електродистрибуција.