Одземен пасош и забрана за работа за професорот од средното уметничко кој барал полови односи со ученичка

Од уметничкото училиште посочуваат дека претходно за професорот немало пријави за сексуално вознемирување

од Nikola Popovski
14 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

Професорот кој сексуално вознемирувал ученичка во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ доби само мерки на претпазливост. Тој се сомничи дека ѝ барал да имаат полови односи.

Судот одлучи да му го одземе пасошот, да му забрани да се доближува до девојчето, а професорот не смее ниту да оди на работа.

„На лицето определени му се мерки за претпазливост. Одземање на патна исправа, забрана за приближување на неколку лица и забрана за извршување на работните задачи“, велат од МВР.

Полицијата го уапси професорот.

„На 9 март во 17:30 часот, полициски службеници од СВР-Скопје лишија од слобода 52-годишен маж од Скопје, наставник во средно училиште на подрачјето на општина центар“, појаснуваат од МВР.

Од уметничкото училиште посочуваат дека претходно за професорот немало пријави за сексуално вознемирување.

Според пријавата до МВР, вознемирувањето од страна на професорот кон ученичката траело од крајот на февруари до почетокот на март годинава.