Во полиција е пријавена тепачка во берберница во скопско Арачиново.
-На 11.03.2026 во 20:15 часoт во СВР Скопје, Б.Р.(41) од с.Арачиново, скопско, пријави дека околу 13:30 часот во берберница во с.Арачиново, по претходна расправија, неговиот 14-годишен син бил физички нападнат од 15-годишник, кој употребил и остар предмет, а со кого заедно работеле како чираци, стои во полицискиот билтен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.