Пукање меѓу малолетници во Скопје

Се степале во Центар, па потоа во Гази Баба едниот пукал, а другиот фрлал со тврди предмети

од Nikola Popovski
25 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

На подрачјето на Центар малолетник вчера околу 19:30 чаот бил физички нападнат од двајца малолетници, од кои едниот подоцна на подрачјето на Гази Баба репетирал огнено оружје кон малолетникот и пукал, а другиот фрлал тврди предмети.

Случајот бил пријавен во СВР Скопје денеска во 03:30 часот.

-Н.И.(39) од Скопје пријави дека на 11.03.2026 во 19:30 часот на подрачјето на Центар, неговиот 15-годишен син бил физички нападнат од двајца малолетници. Според пријавеното, подоцна на подрачјето на Гази Баба едниот од нив репетирал огнено оружје кон малолетникот и пукал, а другиот фрлал тврди предмети кон неговиот син – информираат од МВР.

Оттаму посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.