Калајџиев: Ни ја пукнаа главата со „2% доверба“, извршната власт ги убеди граѓаните дека судиите биле растур систем

-Јас се надевам дека Ненад (Савески) не бил да пие кафе кај премиерот и да добие инструкции. Тоа не би било добро, вели универзитетскиот професор за предлогот за нов државен јавен обвинител

од Nikola Popovski
113 прегледи Фото: Принтскрин/Фејсбук

За новиот предлог за државен јавен обвинител, универзитетскиот професор Гордан Калајџиев вели дека по квалитет, Ненад Савески отскокнувал од конкуренцијата, со што и во самата судската и обвинителската организација е препознаен. Сепак, тврди дека е изненаден што Владата го поддржа Савески, особено ако земеме во предвид, како што вели, од претходните позиции добивавме луѓе со партиска позадина.

-Има многу искушенија кои треба да ги гази обвинителот и да видиме кој е вистинскиот однос на власта кон него, кажа Калајџиев во емисијата „Вин-вин“.

Професорот истакнува дека со притисокот, судиите дојдоа на дереџе да се плашат да изречат условна казна, полесна казна или да ја намалат, а, како што вели, да не правам муабет за ослободителна пресуда. Се надева дека со изборот на Савески, ќе се намали притисокот и извршната власт ќе сфати дека не е во интерес на државата, јавноста да се обидува дека судството е селективно, дека не си ја врши работата и дека не заслужуваат доверба…

-Ни ја пукнаа главата со „2%“. Ги убедија луѓето дека овие се растур систем…Тврдам дека треба да трпат критики, но, не се ни далеку во такво светло како што извршната власт сака да ги прикаже. Дали самата себе сака да се возвишува, дали за да им ја намали моќта за во иднина кога ќе паднат од власт и кога ќе дојдат пред суд…, кажа Калајџиев за односот на централната кон судската власт.

-Јас се надевам дека Ненад не бил да пие кафе кај премиерот и да добие инструкции. Тоа не би било добро. Тој има историска задача, со оглед на ситуацијата во која е правосудстовто, да покаже интегритет и да не го интересира мислење на Владата и премиерот. Криминалистичката полиција е негов асистент и под негова команда, тој е раководител на казнената постапка…, рече, меѓу другото, Калајџиев.