На прашањето на новинарите во Пожега дали хиперсоничниот проектил, кој таблоидите во Србија го нарекоа „Загребчанка“, претставува закана за Хрватска, тој одговори дека станува збор за сериозно оружје за кое Хрватска ќе разговара со своите НАТО партнери, објави медиумската агенција Хина.
„Ќе разговараме со нашите НАТО партнери и ќе ги предупредиме за таквото оружје, кое е ново во арсеналот на српската армија“, изјави Пленковиќ.
Тој, исто така, нагласи дека Хрватска последните неколку години многу инвестира во својата армија.