СДСМ обвинува дека назначувањето на пензионерот Иван Куковски за дииван ректор на РЕК Битола е уште една алка од бизнис-шемата на премиерот Христијан Мицкоски во енергетиката. Од партијата нагласуваат дека Куковски е, како што велат, близок до таткото на Мицкоски и прво бил назначен за претседател на надзорниот одбор на АД ЕСМ.
„Потоа си дава оставка поради идни професионални ангажмани, и е ангажиран како советник на Министерката за енергетика Сања Божиновска. Потоа е назначен за координатор на РЕК Битола, и еве сега Директор на РЕК Битола.
Што се случува во РЕК откако Мицкоски е на власт?
Само да ги погледнеме бројките е доволно. Над 200 милиони евра направени загуби за 2024 и 2025 година, само за три квартали во 2025 година загубата официјална е 90 милиони евра. Потфрлањето во производството е рекордно од планирани 5000 GWh за 2026 година, произведени се само 3000 GWh, ова официјално е најлошото производство во историјата на Македонија. Дали ова е намерно, за да се увезува повеќе струја и некој да прави бизнис со тоа и со провизиите од увозот“, прашуваат од СДСМ.