Градоначалникот на Тетово и еден од коалициските лидер на ВЛЕН, Биљал Касами порачал дека немало назначена делегација или комуникација од негова страна во врска со заедничката фотографија на која на иста маса можат да се забележат министерот за труд и социјална политика, Фатмир Лимани и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, како и потпретседателот на партијата, Бујар Османи. Објавената фотографија е направена на ифтарската вечера организирана од премиерот на Албанија, Еди Рама.
Касами нагласил дека објавената фотографија од средбата не претставува добра порака од министер кој продолжува да биде дел од владата во која е дел и коалицијата ВЛЕН.
„Според мене, немало таква делегација или комуникација. Како фотографија, не е најдобрата на која се прикажува министер кој останува министер во владата во која е дел и ВЛЕН“, изјавил Касами.
Тој додал дека самиот Лимани треба да ја разјасни причината за средбата со Ахмети, потсетувајќи дека претходно јавно изјавил дека нема да седи на иста маса со него, дури и го обвинувал за убиството на неговиот татко.
Касами предупреди дека ставот на Лимани во врска со оваа акција ќе биде дискутиран и во рамките на коалицијата ВЛЕН.
Иако истиот ден Владата, заедно со премиерот Мицкоски, организираше ифтар за членовите на владата и за новинарите во Скопје.