Дали туризмот во Македонија ќе профитира од војната на Блискиот Исток?

Околку можноста што повеќе туристи да ја искористат Македонија како дестинација во 2026 година поради кризата на Блискиот Исток многу ќе зависи од конкурентноста и нејзината атрактивност во рамките на регионот

од Vladimir Zorba
44 прегледи Фото: Приватна архива

Конфликтот на Блискиот Исток кој се повеќе се распламтува започнува многу брзо да ја менува светската мапа на патувањата носејки голема непредвидливост во туристичката индустрија за 2026 година. Конфликтот привремено затвори два главни возушни коридори во регионот што рефлектираше со голем број на откажани летови, авионските компании кои ги сопреа своите летови во кризното подрачје и подолги рути веднаш создадоа ценовен притисок на крајните клиенти.

Во последната декада авионскиот сообраќај се повеќе ги користи аеродромите Дубар, Доха, Абу Даби за авијациски хаб, така што воениот конфликт дирекно влијае врз бројот и сигурноста на летовите со затворање на воздушниот простор и стопирање на операциите на голем број светски авио конмании во овој регион. Поради нестабилноста со нафтени деривати и подолгите рути на летање се прават новите калкулации за цените на билетите кои значително ќе поскапат што создава голем притисок на туроператорите кои на светско ниво веќе кон крајот на 2025 година имаа утврдени аранжмани за сезоната 2026 и рана продажба со одредени поволности за аранжманите.

Искуството низ изминатите децении во туристичката индустрија и нејзината осетливост на различни кризни состојби со терористички напади, воени конфликти, енергетски, здравствени кризи создава брзи падови во патувањата и приливот од оваа индустриска гранка што влијае крајно негативно на дестинациите и економиите на државите.

Доколку се земе искуството на Израел за конфликтот во Газа туристичкиот сектор на оваа земја забележа загуби од 80% и не се очекува подобрување на бројките за 2026 година. Во зависност од развојот на настаните на Блискиот Исток и должината на конфликтот туристичките посети  според анализите може да опаднат од 25 до 45% односно загуба од 60 до 80 милијарди долари приход од туристичката индустрија во овој регион. Ова сценарио може да биде и конзервативно бидејки сеуште не се на повидок сигнали за можноста војната на Блискиот исток да има брз крај.

Туристичката мапа на патувања, откажувањето на аранжманите и менување на плановите за патувања во 2026 година молскавично се менува како начините на патување со голем фокус на сигурноста во дестинацијата каде ќе се помине годишниот одмор. Поради непредвидливоста на цените за авионските билети ќе се намали интересот за авионско патување, користејки се повеќе железнички и автобуски сретства за патување и избор на дестинации на неколку часа.

Кинескиот знак за криза се состои од два симболи означувајки истовремено криза и можност бидејки кризата на Блискиот Исток може да значи голема можност за голем број на други безбедни дестинации кои ќе нудат исти или слични аранжмани на исто ниво како земјите од Блискиот Исток. Пред се највеќе се мисли на конкурентноста на Европа и медитеранот кој веќе се подготвува за зголемен интерес, резервации и човечки ресурси за подигање на услугата и квалитетот во сместувачките капацитети. Голем број на европски дестинации ги активираа протоколите за кризен менаџмент во туристичката индустрија и започнуваат со фокусирани промотивни кампањи и екипирање на туристичкиот сектор за новата сезона 2026 година. И оваа година европскиот континент ќе биде најпосетена дестинација во светот со уште поголем број на патувања и остварени ноќевања во светски рамки создавајки повеќе прилив од туризмот во кревката европската  економија.

Се поставува едно круцијално прашање во новонастанатата состојба дали Македонија ќе профитира во нашиот туристички сектор од моменталната состојба на Блискиот Исток? Доколу ги анализираме податоците на Државниот завод за статистика за дојдовните турсти од земјите на Блискиот Исток во поголем број нашата дестинација ја посетуваат израелските туристи кои за 2026 година се очекува да имаат пад од 30 до 40 %, додека за останатите земји со строгата визна политика на нашата земја низ изминатите години нема голем број на туристи и не се очекуваат мекое поголемо негативо влијание. Околку можноста што повеќе туристи да ја искористат Македонија како дестинација во 2026 година поради кризата на Блискиот Исток многу ќе зависи од конкурентноста и нејзината атрактивност во рамките на регионот.

Знаејки дека безбедноста на дестинацијата е еден од најзначајните одлуки при патувањата доколку Македонија се промовира и брзо позиционира како безбедна дестинација со својот раскош на можни алтернативни форми на туристичка понуда, Охрид, Битола, Скопје, националните паркови, богатата гастрономија, археологија и длабока историја зачинети со природа може да привлече поголем број на туристи. Генерално се очекува пренасочување на поголем број на европски туристи на Балканот како сигурна дестинација а Македонија треба да очекува мало прелевање на кружни патувања од балканските тури, новите авионски линии со предвидлив раст од 5 до 7 % странски туристи додека домашните туристи повторно ќе се движат во бројките од 2025 година. Искуството од предходните години покажува и докажува дека дестинациите Албанија, Хрватска, Црна Гора, Србија имаат многу подобра позиција за 2026 година во голем број на аспекти а ние сеуште чекаме да ни се случи туризмот.

Во време на геополитички тензии туризмот не преживува со случајност, туку со визија, адаптација и ефкасен кризен менаџмен.

Доц. д-р Љупчо Јаневски 

Ставовите искажани во рубриката „Колумни“ се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на „Локално“. Одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот