Шилегов: Барем 10 луѓе рандом да прашате низ Скопје дали има договор меѓу СДСМ и ВМРО, ќе речат дека има

Екс-функционерот најави дека во СДСМ се подготвува платформа со која ќе се побараат сериозни реформи и одговорност од актуелното раководство

од Nikola Popovski
171 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Сител Тв

Запрашан за случувањата во СДСМ, поранешниот функционер и адвокат, Петре Шилегов вели дека е жално тоа што ѝ се случува на партијата. Според него, партијата е кадровски испразнета и дека на нож се дочекани луѓето кои што можеа да помагаат. Шилегов потенцира дека СДСМ стана петта партија во Скопје, трета во Битола, Прилеп, Штип, Куманово…

-Кога барате одговорност за таа работа, велат дека ВМРО ве платило или ве уценувало. Кандидатката за градоначалник на Скопје и некои други партиски другари, на тие некои подготвителни состаноци што ги имавме за нивните кампањи, беа кај мене и ги дадов сите потребни информации. Од мене не беше побаран политички ангажман. Јас не може да се случи да одработувам за ВМРО-ДПМНЕ, може да се случи да работам за СДСМ, кажа Шилегов во вестите на Тв Сител.

Шилегов најави дека во партијата се подготвува платформа со која ќе се побараат сериозни реформи и одговорност од актуелното раководство.

-Процесот е активен и мислам дека многу брзо ќе се излезе во јавноста. На волку неспособна власт која ја имаме, упорно да ги промашуваш темите или ти си се договорил со власта. Барем 10 луѓе рандом да прашате низ Скопје дали има договор меѓу СДСМ и ВМРО, ќе речат дека има. Не е тоа тврдење на Петре Шилегов, кажа поранешниот градоначалник.

Шилегов оценува дека Македонија е држава без опозиција, а тоа оди во полза на партијата Левица. Токму затоа смета дека критички настроените граѓани сега ја бараат опозицијата токму во Левица.