Специјалниот претставник на рускиот претседател за инвестиции и надворешна економска соработка и раководител на Рускиот фонд за директни инвестиции Кирил Дмитриев верува дека цените на нафтата ќе надминат 150 долари за барел во наредните недели поради прекини во снабдувањето поврзани со конфликтот на Блискиот Исток.
„Минатиот јуни предвидовме пораст на цените на нафтата на 100 долари и повеќе. Сега сме на добар пат цените да се зголемат на 150 долари и повеќе во следните две до три недели, бидејќи прекините во снабдувањето со нафта поради конфликтот на Блискиот Исток влијаат не само на логистиката, туку и на самото производство“, рече Дмитриев во објава на социјалната мрежа X, пренесe ТАСС.
Суровата нафта Брент денес достигна цена од речиси 105 долари за барел, што е зголемување од повеќе од 40 проценти од почетокот на војната во Иран.